
Српските весници Курир и Телеграф објавија дека Драган Ѓуриќ признал пред полицијата дека ја силувал Тијана пред да ја убие.
Откако ја удрил Тијана на улица, таа се онесвестила и ја ставил на задното седиште во колата, а кога се разбудила почнала многу силно да вика да ја пушти надвор и да плаче, а се заканувала дека ќе викне полиција.
Тој во својот исказ кажал дека и зборувал да се смири, дека се ќе решат полека, само да смислат каде и како ќе одат. Ѓуриќ го запрел автомобилот, и повторно го удрил девојчето повеќе пати но не повеќе од 10. Го изнел девојчето од автомобилот, држејќи ја под пазувите. Ја спуштил на земја кај фаровите. Девојчето уринарело од страв. Тогаш забележал дека девојчето е отечено во лице, но не знае дали крварела. И биле отечени усните, а тоа го забележал на месечевата светлина. Бил жеден, влегол во автомобилот, се напил вода и тогаш ги запалил фаровите.
-И ги откопчав панталоните и и ги соблеков заедно со гаќичките. Се бранеше и клоцаше со нозете. Остана само со чорапи и градник. Ја избришав со мојата маица по гениталиите и целото тело- рекол Ѓуриќ, додавајќи дека потоа ја сексуално ја злоставувал и задавил со дуксерот.
Откако ја задавил Јуриќ, убиецот и ја соблекол целата нејзина гардероба, ја ставил на предното седиште од автомобилот и продолжил накај Сомбор. Одреден период тој размислувал што да направи. Го вратил автомобилот и на патот помеѓу Светозар Милетиќ и Чонопље го застанува голфот. Телото на девојчето го става во напуштената куќа и ја покрил со картон.
После тоа се вратил во Сомбор, поточно во кафеаната „Стари фенер“ каде нарачал кафе и вода. После тоа монстурмот се упатил на „кинескиот пазар“ каде купил најголема торба и лопата. Се вратил до куќата каде ја оставил Тијана, го зема телото и го става во дупката која веќе постоела. Меѓутоа не можел телото потполно да го покрие па за тоа од автомобилот ја земал земјата-хумус со која го прекрил лешот.
Монструмот веднаш после тоа тргнал за Сомор, а покрај патот во контејнер ја фрлил гардеробата на Тијана. Во еден момент сфатил дека мобилниот телефон на Тијана е во неговиот автомобил на задно седиште, па и тој го исфрлил. Веќе наредните денови полицијата го следела секој негов чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


