| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на монструмот од Србија остана на улица

1357866-majka-makija-djuric-070814-rasfoto-m-josida-005

Макивија Ѓуриќ, мајката на Драган Ѓуриќ, кој призна дека ја убил Тијана Јуриќ, добила налог за иселување од куќата во која живее, дознава српски дневен весник Блиц.

Сопственикот на куќата од госпоѓата Ѓуриќ барал да ја напушти куќата што побргу. На прашањето што ќе прави сега, Макивија Ѓуриќ кратко одговорила: „На улица, а тука е и Сава…“ .

Макивија (56) одбива да поверува дека нејзиниот син бил во состојба да направи ваков чин, бидејќи отсекогаш бил мирен и повлечен, но вели дека треба да ги сноси последиците ако навистина ја убил Тијана.

„Јас сум му мајка, но нека одлежи. Се што имав вложив во него, не знам што му се случи. Заедно се вративме од Зрењанин каде тој претходно отиде на одмор кај сестра му, а што правел во Бајмок не знам. Последните неколку дена беше тивок за разлика од порано, но кога го запрашав што му е одговараше „ништо мамо“, раскажува низ солзи мајката на осомничениот Драган Ѓуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top