Амбасадата на Бугарија во Белград демантираше дека во Бугарија е дозволена концентрација на афлатоксин во млекото од 0,5 микрограми по килограм, како што изјави српскиот министер за земјоделство Горан Кнежевиќ.
Во соопштение се истакнува дека Бугарија строго се придржува и применува регулативи на ЕУ.
– Во согласност со тие регулативи, од 2006 година, дозволената количина афлатоксин во млекото на бугарскиот пазар е 0,05 микрограми по килограм млеко, се вели во соопштението до бугарската амбасада во Белград.
Владата на Србија реши да промени правилник за дозволена концентрација на афлатоксин во млекото и горната граница од сегашните 0,05 мг/кг. ја зголеми на 0,5.
Министерот Кнежевиќ наведе дека две третини од државите во светот, меѓу кои и Бугарија, имаат прописи што дозволуваат присуство до 0,5 мг/кг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


