Музичарот Горан Мишка Мишев, дел од четиричлената група „Ла манш“ од Велес, вели дека измамници го користат нивното име на групата.
Мишка апелира до јавноста и медиумите да се пренесе која е вистинската „Ла манш“, група која постои уште од деведесетите години и име кое зад себе има голема симболика.
– Деновиве повторно во јавност се појавува некоја група, самоволно нарекувајќи се „Ла манш“ од Велес. Сакам да ги прашам овие измамници од каде им идејата за името, и која е симболиката на тоа име? Ве уверувам, немаат поим, ни самите не знаат зошто се викаат група „Ла манш“, затоа што не се дел од тој проект. Оние луѓе кои ја прата музичката поп-рок сцена, на крајот на ’80, почетокот на ’90 знаат кој, како и зошто ја сочинуваше таа група – вели Мишев.
Членовите за групата „Ла манш“ за МРТВ снимија два музички албума („Јас и ти“ и „Напиј се за нас“) се Панов Иле – Чарли (вокал), Трајков Роберт – Професор (гитари), Темелков Драган – Бурле (бас) и Мишев Горан – Мишка (тапани).
– Овие луѓе кои сега се претставуваат и го користат името „Ла манш“, најверојатно имаат некаков комплекс од младите денови на својот живот, бидејќи не можеле музички да се реализираат со своите групички во кои членувале, па сега затскривајќи се зад нашето име сакаат да ги лечат своите комплекси. Ако мислат дека созреале како музичари и имаат што да кажат на македонската музичка сцена, нека го покажат тоа, нека создадат свое музичко име и свој музички печат, а не да ја замајуваат јавноста во државава и лажно да се претставуваат, па нека видат и почувствуваат како се создава едно музичко име на естрадата – вели тој.
Како што вели Мишев, измамниците и самите се свесни дека не се дел од проектот „Ла манш“ и дел од наследството кое го остави групата во деведесетите години.
– Секој има право музички да твори, но нема право да го краде минатиот музички труд на некои луѓе кои музички го одбележале во едно минато време, па затоа нека го остават името и нека си направат свое дело по кое ќе ги памтат генерациите – вели револтирано Мишка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


