| четврток, 6 декември 2018 |

Профил на монструмот: Да не беше уапсен убиецот на Тијана би станал сериски убиец

Криминологот Златко Николиќ изјави дека убиецот на 15 годишната Тијана Јуриќ претставува тежок облик на садизам и дека друштвото не може да препознае такви патолошки ликови, такашто доколку не беше уапсен би можел да продолжи да убива.

501016_dragan-djuric_ff

Николиќ кој имал искуства со луѓе со сличен профил, вели дека доколку Драган Ѓуриќ сега не беше откриен би продолжил да убива на периоди додека не стане српски Џек Трбосек и сериски убиец.

Според неговите зборови, убиецот на девојчето претставува еден од потешките облици на садизам кој се изживува поради сопствените чувства на немоќ над послабите од себе, за нивното страдање од неговото присуство да го доживее како сопствена моќност.

Криминолог Златко Николиќ

nikol

Николиќ објасни дека таквите личности долго ги потиснуваат своите патолошки потреби за садистички изживувања на некого, за потоа сето тоа да исплива на површина.

– Тие сакаат да се идентификуваат со Бог, со нација, религија, со некои познати херои. И овој убиец без оглед на тоа што е крупен и спаѓа во категорија на гризли, жртвата беше девојче од 15 години, вели Николиќ за РТС.

Тој напоменува дека убиецот прво го повредил девојчето „како ловец срна“, а потоа ја ставил во автомобилот, се изживувал за на крајот да ја убие.

– Сите негови приказни кои некои медиуми некритички ги пренесуваат се бесмислени со самото тоа што никој кој некого повредил или убил со автомобил,  не ја зема жртвата за да је затрупа некаде под земја, додава Николиќ.

Коментирајќи ја појавата дека девојчињата на таа возраст на својот Фејсбук профил денес објавуваат фотографии од Тијана Јуриќ, Николиќ тоа го оцени како нивни страв, бидејќи секоја од тие девојчиња со право се гледа како латентна жртва.

Тој појасни дека нивниот начин на живот допринесува да бидат подостапни за злоставувачите и криминалците, па напомена како девојчињата на своите профили споделуваат селфи фотографии кои ги прават потенцијални жртви за монструмите како што е убиецот на Тијана.

15 годишната Тијана Јуриќ исчезна на 26 јули, а по неа трагаа српската и унгарската полиција, Европол и Интерпол. Поради сомнеж дека ја убил, уапсен е Драган Ѓуриќ, месар од Сурчино, кој тој ден бил во посета на пријателите во Бајмок.

Телото на девојчето е пронајдено во околината на Сомбор откако Ѓуриќ призна каде ја закопал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top