| четврток, 6 декември 2018 |

Многу инвеститори сакаат да градат домови и градинки

gradinki
Голем број на домашни и странски инвеститори пројавиле интерес за искористување на поволностите кои ги нуди Владата на РМ за инвестиции во приватни Домови за стари лица и во приватни детски градинки.

Ова го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес конференција, на кој посочи дека досега вкупно 55 домашни и странски инвеститори веќе пројавиле интерес за инвестиции за изградба на Домови за стари лица, а 28 домашни и странски претпријатија изразиле интерес за изградба на градинки низ Р. Македонија.

Тој нагласи дека овие две поволности можат да ги користат не само новозаинтересираните инвеститори, туку и веќе постоечки установи  во оваа сфера кои сакаат да го прошират својот објект или да вработат нов кадар во нивните градинки или домови за стари лица.

Со овој мини пакет формулиран од Владата на РМ, како што нагласи Ѓорѓиев,  се даваат значајни поволности во поглед на условите за воспоставување на ваков бизнис од страна на приватниот капитал.

Почетнта цена за подажба на државното земјиште коешто согласно ДУП-овите е предвидено со намена  за изграба на старечки домови и детски градинки ќе се продава со почетна цена од едно евро по метар квадратен.

– Во соработка со општините низ Р.Македонија веќе имаме сериозен прогрес во поглед на објектите коишто со определени интервенции и адаптации можат да се искористат за започнување на бизнис во оваа сфера. Комуналните такси за изградба на објекти со намена за Домови за стари лица и за детски градинки се намалени за 95%. Исто така преку Македонската банка за поддршка на развојот се нудат специјални поволности преку евтини финансиски инструменти, односно кредити на коишто се субвенционира каматата во висина од 5,5 отсто, коишто секој приватен стопанственик може да ги искористи во поглед на воспоставувањето на оваа дејност – изјави владиниот портпарол, Ѓорѓиев.

Преку Агенцијата за вработување на РМ, нагласи тој, можат да се користат поволности при вработување на кадар, кој што понатаму би функционирал во рамките на самите установи.

Низ општините во РМ веќе се издвоени 35 локации коишто се погодни за изградба на приватни Домови за стари лица и 55 објекти кои со определини интервенции и адаптации и реконструкции можат да бидат користени од страна на приватниот капитал за воспоставување на дејноста. Додека, пак, за изградба на градинки се определени 23 локации и се издвоени 14 објекти кои со определни интервенции можат да бидат адаптирани за детски градинки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top