Црногорската полиција вчера во Будва по полноќ упаднала во ексклузивниот ноќен клуб Сан Ремо, каде биле уапсени сопственикот на локалот Рада Божиновиќ (50), менаџерот Милош Влаховиќ (34) и неговиот соработник Марко Јовановиќ (28) за кои се сомнева дека организирале ланец за проституција.
Акцијата наречена „Марина“ била подготвувана неколку месеци откако инспекторите од одделот за организиран криминал се посомневале дека ексклузивниот клуб е всушност јавна куќа.
По голем број на пријави дека во клубот се нудат сексуални услуги во апртманите кои се наоѓаат на главната раскрсница во Будва на патот за Котор, полицијата заедно со припадниците на посебната единица и колегите од Будва упаднала во објектот.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, кога полицијата упаднала во клубот внатре имало голем број на гости, една стриптизерка играла на малата сцена, а еден клиент бил во соба со проститука.
Тројцата уапсени се наоѓаат во 48-часовен притвор и денес ќе бидат сослушани од истражен судија.
Во клубот Сан Ремо, цената за изнајмување девојки е движела помеѓу 100-300 евра, а полицијата од сопственикот одзела 50.000 евра и пиштол за кој не поседувал дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.