| четврток, 6 декември 2018 |

„Погрешна дупка“ е најчеста грешка во сексот – ова се другите девет

Новото истражување направено во Велика Британија ги открива најчестите 10 грешки кои се случуваат за време на секс. Според 51% од анкетираните, најчеста грешка била „влегување во погрешна дупка“.

Второто најчесто промашување е прастарото клише и кажување на име на друга личност. Ова го направиле 42% од испитаниците, додека паѓањето од кревет се најде на трето место со 39%.

Истражувањето кое го направи UKMedix.com, специјалициран за сексуално здравје, на четврто место го рангираше „безобразното” зборување за време на односот со партнер на кој тоа не му одговарало, а на 5-то место односно 31% „биле фатени на дело“.

29% од 2.379 испитаници се повредиле за време на секс, а на четвртина им се случило да им се скрши креветот или уништиле некој друг дел од мебелот. По нив, следат оние на кои им се случило да заспијат тие или партнерот за време на односот.

Последните две од најчестите грешки се и можеби најзабавни: 11% признале дека останале заробени или заврзани, а 9% признале дека разни предмети им останале заглавени на незгодни места.

Извор: independent.uk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top