| четврток, 6 декември 2018 |

Во јуни откупени земјоделски производи вредни 741,3 милиони денари

производи
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесувала 741,3 милиони денари, што е за 15,2 отсто помалку во споредба со јуни лани, соопшти Државниот завод за стистистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12,4 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29,2 отсто.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и рибата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top