| четврток, 6 декември 2018 |

„Авалон“: И во дното доцниме 20 години

Од познатата македонска продуцентска куќа „Авалон“, која е главен организатор на балканските концерти на светските ѕвезди, се револтирани што во Македонија ќе се одржуваат аудиции, а подоцна и ќе се прикажува српското шоу за потрага на нови фолк и турбофолк ѕвезди.

Доказ дека секогаш може бетер кога некои медиуми се во прашање и дека за некого вечно дното ќе биде горе. Пушташ телевизор и гледаш реклама „Ѕвезде гранда Македонија аудиција“. Барем ова не било до сега! И еј, и во дното доцниш минимум 20 години за тие што најмногу кашкаат зад Европа во регионот. А, после се чудиш, ова-она, зошто било ова вака, а не така. Културен отпад и отров – пишува на официјалната страница на продукцијата на „Фејсбук“.

„Ѕвезде гранда“, шоуто кое десет години се одржува во Србија, од септември ќе се прикажува и на телевизијата „Канал 5“, а учество ќе земат и македоноски кандидати.

Kако што пишува на официјалната страница на телевизијата, аудицијата ќе се одржи на 19 август во студиото на „Канал 5“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top