Телото на петнаесетгодишната Тијана Јуриќ, која исчезна на 26 јули, е пронајдено на 6 август, по тринаесетдневна потрага. Полицијата на 6 август го привела осомничениот, кој го признал убиството.
Прв ден, 26 јули
Бајмочани ја бараат Тијана по улиците, нивите… Во потрага се вклучува полицијата, хеликоптер го надлетува атарот, доведени се и кучиња-трагачи.
Втор ден, 27 јули
Од Белгија пристигнува и таткото на Тијана. Полицијата ги испитува сите учесници на турнирот и останатите кои на кој било начин може да се вмешани во исчезнувањето.
Трети ден, 28 јули
Освен белите „старки“ и вештачкиот нокт на Тијана, не е пронајдено ништо друго. Сигналот на телефонот на Тијана е лоциран на два километра од Унгарија.
Четврти ден, 29 јули
Во истрагата се вклучуваат и унгарската полиција и интерпол. До семејството и пријателите пристигнуваат гласини дека е видена дури во Австралија.
Петти ден, 30 јули
Во Бајмок се и унгарските колеги кои се сретнуваат со министерот Небојша Стефановиќ и го посетуваат местото каде што исчезнала Тијана. Постојат индиции дека девојка која личи на Тијана е видена во Унгарија.
Шести ден, 31 јули
Малолетник од Зрењанин отвори страница на „Фејсбук“ претставувајќи се како киднапер и побара милион динари за откуп. Во јавноста се крена фама, но брзо е откриено дека се работи за невкусна шега.
Седми ден, 1 август
Семејството не добива никакви официјални информации за своето дете. До нив стигнуваат само гласини дека е видена во други држави, но вестите не се точни.
Осми ден, 2 август
На интернет кружат фотографии од Тијана и апел за каква било информација за неа. Во куќата на бабата и дедото на Тијана се собрани родителите, сестра и и бајмочани, кои ја чекаат Тијана да се врати.
Деветти ден, 3 август
Сестра ѝ на Тијана и нејзините најдобри пријатели напишаа писмо до државниот врв на Србија во кое молат да се пронајде Тијана.
Десетти ден, 4 август
И натаму не се знае каде е девојчето и што се сличило. Полицијата не соопштува детали од истрагата.
Единаесети ден, 5 август
Во потрагата се вклучува и меѓународниот веб-сајт посветен на исчезнати деца во Европа. Празни се улиците во Бајмок.
Дванаесети ден, 6 август
Полицијата околу пладне го приведе осомничениот киднапер на Тијана, кој го признава убиството.
Тринаесети ден, 7 август
Околу полноќ почна откопувањето на телото на девојчето во депонијата меѓу селата Светозар Милетиќ и Чонопља.
Извор: Блиц
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.