
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, денеска ќе одржи работен состанок со претставници на поголемите винарски визби во земјава.
На состанокот ќе стане збор за актуелните состојби во лозарството, претстојниот откуп и исплатата на грозјето.
Завчера министерот Цветков имаше средба со претставници на здружението „Агротиквешија“ кои посочија дека поради неповолните климатски услови годинашниот род ќе биде преполовен. Производителите очекуваат повисоки откупни цени од лани. Според нив, 13 денари за килограм смедеревка и 15 за вранец би била реална. Министерот порача дека Законот за винарство мора да се почитува. Винарниците, доколку сакаат да се вклучат во откупот, не смеат да имаат долгови кон лозарите.
Во Министерството за земјоделство деновиве ќе се одржи и заеднички состанок со земјоделските здруженија и винарниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


