| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓуриќ: Ѝ ја затнав устата за да замолчи

501016_dragan-djuric_ff

Драган Ѓуриќ, монструмот, како што сите го нарекуваат, ги обелоденил пред истражните органи деталите од убиството на малата Тијана Јуриќ.

– Испив еден литар вињак и некоја ракија и тргнав кон панаѓурот. Мислев да одам таму на музика и тогаш ја сретнав Тамара. Не знаев ни како се вика. Ја закачив со колата и таа почна да вика за помош. Многу врискаше. Ја викаше полицијата. Ѝ ја затнав устата, ја удрив да замолчи и ја ставив во колата – им рекол Ѓуриќ на полицајците.

Криминологот Златко Николиќ од Србија, за „Ало“ вели дека  34-годишниот месар, доколку не бил фатен од страна на полицијата ќе станел сериски убиец.

– Се однесувал како ловец, ја фатил Тијана и со неа се однесувал како со срна, ја мачел, па ја убил. Убиството се согласува со неговата професија. Тој се почуствувал моќно гледајќи го малото девојче како страда – вели криминологот.

Според него, Ѓуриќ, кој има агресивна природа, се покажал во вистинското светло. Да не бил уапсен повторно ќе мачел или силувал други жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top