| четврток, 6 декември 2018 |

Русија има намера да ги јакне силите за брза реакција

Во следните пет години силите на руското ББЦ (ВВС) треба да бидат двојно зголемени и технички целосно обновени за да може да бидат предводник на силите за брза реакција, оценуваат воени експерти.

Според Итар-тасс, раководството на руското Министерство за одбрана одобрило идеја на командантот на ББЦ, генерал Владимир Шаманов тие сили да бидат двојно повеќе отколку сега и да достигнат цифра од 72.000 офицери и војници во следните пет години.

– Плановите за дуплирање на воздухопловните сили се реалистични и важни бидејќи перцепцијата на закани спрема Русија се промени во текот на кризата во Украина – изјави Михаил Ремизов член на воено-индустриската комисија во руската Влада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top