| четврток, 6 декември 2018 |

Мета Ворлд Пис се прекрсти во Пријател на Пандата

Американскиот кошаркар Мета Ворлд Пис (Metta World Peace), претходно познат по неговото родено име Рон Артест, по вторпат во последните три години реши да го промени името.

Овој пат ќе се вика Пријател на Пандата (Panda’s Friend).

Пријател на Пандата неодамна одлучи да потпише договор со клубот Сичуан од југозападна Кина, а токму во оваа област живеат овие животни.

Кога минатиот пат Рон Артест го промени името, изјави дека тоа го направил за да го сакаат луѓето повеќе, бидејќи сите сакаат мир во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top