На неколку дена пред свадбата, која беше закажана за 12 август, на 60. роденден на францускиот претседател Франсоа Оланд, се распадна неговата врска со 42-годишната Жили Гаје. На фотографиите објавени на насловната страница на таблоидот „Воиси“ актерката излегува од море во црн костим за капење во друштво на маж со брада. Таблоидот наведува дека станува збор за адвокатот Пјер Пујбас, стручњак за правни прашања поврзани со финансискиот менаџмент.
Гаје и Пујбас поминале пет дена на одмор пред да се вратат во Париз. За тоа време претседателот Оланд бил на деседневен одмор во версајскиот дворец Ла Лантерн од 18 век, кој е летна резиденција на претседателите и на премиерите.
Политичкиот коментатор Тјери де Сабара, коментирајќи ги шпекулациите за раскинувањето на свршувачката, рекол дека „Жили му направила услуга на претседателот ако навистина си нашла нов љубовник“.
– Французите одамна не се задоволни од неговото политичко дејствување. Сега, конечно, ќе може да се насочи на политиката и да заборави на понижувачките моменти кога новинарите го прашуваа само за приватниот живот – рекол Сабару.
Таблоидите шпекулираат дека за раскинувањето на врската е виновна актеркат Жили, која беше во врска со Оланд речиси една година. За тоа време таа, наводно, никогаш не била третирана како прва дама, не го придружувала на официјални вечери, ниту, пак, се вселила во Елисејската палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст