| четврток, 6 декември 2018 |

Косор исклучена од ХДЗ

Croatia's Prime Minister-designate Kosor addresses Croatian Democratic Union (HDZ) Party assembly after being elected as the new party leader in ZagrebСудот на честа на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) едногласно донесе одлука за исфрлање од партијата на поранешната премиерка и претседателка на партијата, Јадранка Косор.

На судењето, водено зад затворени врати, присуствуваше и Косор и изнесе низа забелешки. Таа побарала запирање на дисциплинската постапка и, меѓу другото,  јавна расправа, јави Хрватската радио-телевизија.

Откако ги изнела забелешките, таа ја напуштила расправата, а пред новинарите изјави дека Судот без никакви консултации ги одбил нејзините приговори.

– Одлуката за исфрлање на Косор е неправосилна и таа на неа може да се жали во рок од осум дена. Конечната одлука по жалбата ќе ја донесе претседателството на партијата, соопшти претседателот на Високиот суд на честа, Флоријан Борас.

Судот на честа заседаваше на барање на загрепскиот одбор на ХДЗ, а поради, како што тврдат, пречестите настапи на Косор во јавноста во кои ја навредувала партијата и со тоа ѝ нанела штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top