| четврток, 6 декември 2018 |

„Екстра Меин“ повлекува од продажба неколку сувомесни производи

меин

Компанијата „Екстра Меин“ од Куманово ги информира граѓаните дека по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство повлекува од продажба неколку свои производи:
Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07632; Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07633; Македонски колбас – вакуум – лот број 07329; Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07369 и Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07370.
– Доколку имате купено некој од горенаведените производи, ве молиме да го вратите во малопродажниот објект од каде што е купен, по што ќе бидат вратени средствата за купениот производ – информира „Екстра Меин“.
Компанијата попладнево негираше дека во нејзините месни производи има листерија и соопшти дека ќе бара суперанализа во реномирана светска институција и на изолат и на типизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top