| четврток, 6 декември 2018 |

„Јужен тек“ ја менува трасата низ Србија

juzen-potok1-564x272

До крајот на годинава во Србија ќе бидат поставени првите 30 километри од гасоводот „Јужен тек“, со измена на трасата во Војводина, соопшти денеска директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Тој истакна дека во земјата, што се однесува до „Јужен тeк“, сѐ оди според планот.

– Ќе има мала измена на делницата во Војводина бидејќи гасоводот наместо кон Италија ќе оди кон Баумгартен во Австрија, каде што се наоѓа најголемото складиште на гас во Европа. Наскоро ја завршуваме експропријацијата за третиот дел од трасата на гасоводот и чекаме добивање градежни дозволи за почеток на изградбата – нагласи Бајатовиќ.

Тој додаде дека не постои ниту една причиназа  „Јужен тек“, како енергетски објект, да не биде изграден во Србија, како ни во другите земји низ кои треба да минува.

Бајатовиќ потсети дека станува збор за проект во кој Србија ќе има минимални ризици, а голема економска, енергетска и политичка добивка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top