
Вистински, секс-сцени се одиграле во претставата „Гробница на Борис Давидович“, која се прикажала на хрватскиот фестивал за современ театар „Задар снова“. Режисер на претставата е Ивица Бујан, кој е познат по голотиите и по сцените со насилство во неговите претстави.
– Сексот беше вистински, на сцената ништо не е лажно – изјави режисерот Бујан.
Гледачите, според зборовите на режисерот, не се бунеле и не биле изненадени од сцените што ги гледале пред себе. Претставата е направена како српско-хрватско-словенечка копродукција, а првата изведба ја имаше на „Мител фест“ во Италија, каде што го предизвика вниманието на италијанските театарски критичари.
Текстот за претставата е направен според прозата на Данило Киш. Досега, „Гробница за Борис Давидович“ е изведена во Италија, како и во Белград. Наесен таа ќе биде изведена во Загреб и во Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


