Еден ресторан во Северна Каролина нуди 15 отсто попуст за гостите кои му се заблагодаруваат на Бога со молитва пред оброкот.
Мери Хаглунд, сопственичката на ресторанот „Мерис Гурмет Динер“ вели дека тоа е подарок за клиентите кои умеат да ја ценат нејзината храна и притоа не е важно дали молитвата е од христијанската или која било друга вероисповест. Овој локал веќе четири години го нуди овој попуст.
– Не ги предупредуваме гостите однапред. Никогаш не се рекламираме. Само им даваме сметка со 15 проценити попуст, вели Хаглунд.
Една локална радио станица неодамна емитувала прилог за овој ресторан и прикачила фотографија на Фејсбук со сметка на која има 15 проценти попуст.
Многумина ја нападнале Хуглунд дека ги дискриминира атеистите. Таа се брани со тоа дека „во светот има многу луѓе кои умираат од глад, додека ние живееме во земја која изобилува со храна“.
– За мене тоа не е нешто што го земем здраво за готово, вели Хуглунд.
– Молитвата, медитација или едноставно дишење со благодарност ни ги отвора портите во срцето. Тоа е добро за сите нас, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст