| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Тијана: Тоа не е човек, тоа е животно

tijana-juric-igor-juric-1407279987-546631-650x396

Таткото на малата Тијана која беше брутално убиена не може да се помири дека неговата ќерка ја нема повеќе. Игор Јуриќ низ солзи за српскиот Курир вели дека не знае што би кажал во оваа ситуација. Вели дека семејството за 12-13 часа поминало низ вистински пекол.

– Не зневме каде ни е детето, не спиевме, бевме под притисок. Овој губиток кој ние го преживеавме се надевам е последен на земјава и дека никој друг нема да доживее ваква болка –  вели таткото.

Тој не знае како да го окарактеризира монструмот што ја уби неговата ќерка.

– Не знам каков човек треба да си, да имаш 120 килограми и се изживуваш врз дете кое има само 15 години и 47 килограми. Тоа не е човек, тоа е животно –  вели таткото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top