| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се десетте најнепријателски града во светот?

johanezburg

Најголемиот град во Јужноафриканската република, Јоханезбург, ја освои титулата „најмалку пријателски расположен град во светот“, според истражувањето на угледниот туристички магазин „Конд нест травелор“.

Оваа репутација ја освои бидејќи е несигурен и опасен, сметаат туристите. Во анкетата учестуваат илјада лица секоја година, а во истражувањето се настојува да се оценат хотелите, плажите и градовите.

Ранг-листа на десетте најнепријателски града на светот:

10. Насау, Бахами – несигурен надовр од туристичките подрачја и големи хотели

9. Монте Карло, Монако – овој град полн со сјај и гламур може да биде пренатрпан со туристи

8. Милано, Италија – традиционланата италијанска љубезност и гостопримство обично ги нема во Милано

7. Франкфурт, Германија – граѓаните се опишани како студени и многу непристојни

6. Пекинг, Кина – големо загадување и валканите улици ја намалија вредноста на прекрасните градски атракции

5. Марсеј, Франција – џепчиите се најголемата грижа во овој град

4. Париз, Франциија – негостољубиви

3. Москва, Русија – многумина не знаат друг јазик освен руски, а луѓето се непријателски расположени

2. Кан, Франција – овој заборавен град е наречен и „европски Вегас“, со напријателски настроени жители

1. Јоханезбург, ЈАР – несигурен и опасен

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top