Починатата холивудска актерка Британи Марфи денес би била жива ако нејзината мајка повикала брза помош еден ден порано, тврди д-р Ричард Шепард во новиот документарен филм, кој ги опишува последните часови на младата актерка.
Како што се наведува во филмот, Британи толку се плашела од папараци што не сакала да излезе од куќата и да оди во болница, а поради тоа ги занемарали тешкотиите во дишењето и останала „на сигурно“ во својот дом.
Патологот Шепард открил дека актерката била полна со лекови поради што не зачудува што нејзината мајка не ни забележала дека не ѝ е добро. Како причина за смртта се наведува воспаление на белите дробови и анемија, а од истите болести само пет месеци подоцна починал и нејзиниот сопруг Сајмон Монџек. Патологот тврди дека за нејзината смрт придонела комбинацијата на лекови што ги зела, а тоа биле антидепресиви и седативи, како и лек што требало да ги ублажи симптомите на воспаление на белите дробови.
– Лековите што имаат позитивен ефект, исто така, можат да имаат и нус појави. Комбинација на сите тие лекови значи комбинација и на нус појавите и тогаш стануваат смртоносни – рекол патологот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



