| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов му подари албум од Владимир Четкар на Клаус

vaclav-ivanov

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, за време на својата последна посета на Прага се сретна со поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, кому му го подари албумот „Heavenly” од македонскиот џез-музичар Владимир Четкар.

Двајцата претседатели, како љубители на џез-музиката, во август минатата година присуствуваа на настап на Владимир Четкар во Охрид, по отворањето на четвртата Школа за млади лидери, на која поранешниот чешки претседател одржа предавање.

За возврат, претседателот Иванов доби џез-колекција, избор на поранешниот чешки претседател Клаус, направена по повод неговиот 70. роденден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top