Триесет и шестгодишен маж се води како исчезнат откако заедно со креветот на кој спиел пропаднал во дупка длабока триесетина метри, што се отворила во неговата спална, во Флорида.
Во моментот на несреќата во куќата имало пет возрасни и едно двегодишно дете. Човекот пред да пропадне се обидувал да се спаси и молел за помош. Неговиот брат очајно се обидувал да го спаси, но и покрај сите напори човекот пропаднал во дупката без трага. Полицијата сè уште не го нашла телото и верува дека е починат.
– Сè уште не е потврдено, но се претпоставува дека е мртов. Во потрагата не се најдени знаци на живот – вели портпаролката на противпожарната служба на округот Хилсбро, Џесика Дамико.
Спасувачките служби употребиле и софистицирана опрема за лоцирање знаци на живот, но не успеале да го пронајдат човекот. Поради опасност да не се прошири дупката, евакуирана е целата населба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.