Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, заедно со известувачот за Македонија, Ричард Ховит, и со европратеникот Јежи Бузек, по средбата во Владата со премиерот Никола Груевски и неговите соработници се префрли во просториите на Делегацијата на Европската унија во Скопје, каде што прво имаше средба со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Средбата траеше два часа, но нема детали што се разговарало на неа. За целото тоа време во канцелариите на Делегацијата чекаше претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за да дојде неговиот ред да разговара со Филе.
Долгите разговори го одложија почетокот на средбата со претседателот Ѓорге Иванов, која беше закажана за 12 часот.
Освен соопштението од Владата за разговорите меѓу Груевски и Филе, засега нема никави опипливи информации како тече овој последен обид за решавање на кризата. Се очекува Штефан Филе на прес-конференцијата да даде повеќе детали за неговата спасувачка мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст