| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на четири автомобили, повеќемина пренесени во задарската болница

prometna1230629s1

Четири автомобили денеска, петнаесетина минути по 10 часот, се судриле на Јадранската магистрала во Бибиње. Според првичните информации од полицијата повеќе лица имаат тешки повреди и се пренесени во болницата во Задар. На местото на несреќата освен амбулантни возила имало и пожарникари. Во тек е увид за да се утврдат причините за несреќата.

Јадранската магистрала низ Бибиње моментално е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат по споредните улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top