
Знаеме дека од премногу шеќер ќе ни се расипат забите, може да се разболиме од дијабетес и да се здебелиме ако продолжиме да го јадеме. Но, едно ново истражување е уште порадикално – научниците тврдат дека шеќерот е причина за висок холестерол, за висок крвен притисок, болести на срцето, па дури и појава на рак.
Ова е мислење на една прогресивна медицинска група истражувачи кои тврдат дека шеќерот се однесува како токсин во нашето тело и е одговорен за болести на срцето, рак и за многу други хронични заболувања.
Бидејќи денес шеќерот го има премноу во храната – во сладоледот, колачите, соковите, крекерите, енергетски чоколади, преливи за салати, експертите тврдат дека луѓето денес доживуваат таканаречено токсично преоптоварување, пишува „Хафингтон пост“.
– Шеќерот е причина за најголема здравствена криза во историјата на светот – вели д-р Роберт Лустиг, ендокринолог од Универзитетот „Калифорнија“, кој во 2009 година одржа предавање на тема „Шеќерот и горчливата вистина за него“.
Во научниот труд објавен во журналот „Нејчер“, Лустинг и неговите колеги предизвикаа дебата кога напишаа дека шеќерот е толку штетен што мора да биде регулиран како алкохолот и цигарите.
– За секоја супсанција што се злоупотребува, како кокаин, хероин и слично, имаме правна и општествена регулатива, а за шеќерот немаме, а потребно е – вели Лустинг.
Шеќерот денес може да се најде во речиси секоја намирница, освен во месото, маслото и во путерот. Дополнителни шеќери во себе имаат белиот шеќер, темниот шеќер, сирупите, декстрозата, медот и нектарот.
Фруктозата е најштетен шеќер, велат експертите. Таа се наоѓа во овошјето, а комбинирана со глукозата таа се наоѓа во засладувачите и фруктозниот сируп.
Фруктозата е штетна поради својата едноставност. Кога јадеме овошје, таа се обработува во црниот дроб и таму останува создавајќи зголемени штетни нивоа на масти во крвта познати уште како триглицериди.
Шеќерот како чиста гликоза и пченкарен сируп се преработуваат во црниот дроб, а потоа директно оди во крвта. Ако јадете многу фруктоза и ги „билдате“ триглицеридите, го доведувате организмот до тоа да дојде до масен црн дроб и да создаде отпор кон инсулинот, кога телото не може да произведе доволно инсулин за да го обработи шеќерот што го јадете.
За жал, вежбањето не може многу да помогне. Тоа може да го намали нивото на холестерол, но тоа не е доволно за да го доведе во нормални граници.
– Дури и ако сте слаби, активни, а во исхраната имате многу шеќер, тоа е лошо – велат докторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


