„Смртна казна, смрт за умоболниот, кутрата твоја мајка, каков идиот родила; Скршете му ги сите коски, но полека, да умира и вика како никој до сега, кога веќе нема смртна казна; Никогаш сонце да не видиш“, се само дел од пораките на згрозените Македонци, Срби. Босанци, Хрвати… Тие се бесни од постапката на Драган Ѓуриќ, кој ја уби малолетната Тијана. На социјалните мрежи се прават групи во кои се повикува на смртна казна за монструмот. Со најлоши пораки, желба за болна и бавна смрт, сите ја споделуваат фотографијата на убиецот, која тој ја има објавено на „Фејсбук“.
Драган, убиецот на малата Тијана од Србија, еден ден по убиството си ја променил фотографијата на својот профил, поставувјаќи фотографија со мало дете.
Драган Ѓуриќ не е оженет. Роден е на 22 јули 1980 година во Зрењанин. Има завршено основно училиште и живее со својата мајка. Бил проблематично дете, па со основно образование се здобил дури на 17 години. Го апселе шестмина полицајци додека тој правел колбаси во месарницата. Во периодот кога ја убил малата Тијана бил на годишен одмор (од 21 јули до 5 август). Во кланицата работеле 43 луѓе, а колегите тврделе дека не бил проблематичен. Шокирани се од веста.
-Кога дојдоа да го уапсат мислевме дека има проблем со новиот автомобил што го купи, да не купил украден автомобил. Ни на крај памет не ни падна дека стои зад страшното убиство – рекол еден негов колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.