| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон живеат 376.600 милионери

лондон

Лондон е светска престолнина на милионери, бидејќи во Лондон живеат дури 376.600 луѓе со богатство поголемо од еден милион долари.

Според податоците на консултантската фирма Њу Ворлд Велт со седиште во Јоханесбург, милионерите во Лондон се околу 3 отсто од вкупниот број жители. На второ место на листата по број на милионери зад Лондон се пласираше Њујорк со 319.700, додека на трето место е Токио со 265.800 милионери.

Следат Сингапур, Хонг Конг, Лос Анџелес, Франкфурт, Мексико Сити, Чикаго и Сан Франциско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top