| четврток, 6 декември 2018 |

Со витамини до подобро здравје

салати

Сезонските салати и варен зеленчук со малку маслиново масло со големото количество влакна ќе го поттикнат метаболизмот и варењето, па црниот дроб ќе се куртули од насобраните отрови.

Една недела таква детоксикација, и ќе се чувствувате посилни и поздрави, полни со енергија и елан. Пробајте што подолго да им одолеете на старите прехранбени навики.
Некои факти пожелно е повремено да се повторуваат, токму затоа што поради својата очигледност лесно ги забораваме. Значи: летото е идеален период за детоксикација на организмот – желбата да ослабиме, да бидеме убави и да се чувствуваме “полесни”, потпомогната од високите температури кои не тераат да се преориентираме на овошје и зеленчук, почнува да дава резултати.
За посериозни резултати сепак ни треба додатна мотивација и железна дисциплина. Почнете го денот со витаминска бомба од џиновска чаша сок од исцедено овошје (лимони, цитрони, портокали итн.), а во текот на денот јадете исклучиво овошје и свеж зеленчук и пијте многу вода и зелен чај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top