Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека викендов, 9 и 10 август, во периодот од 5.30 до 8 часот, ќе се изврши четвртата авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје.
Четвртата, пак, дезинфекција од земја ќе се спроведе од 11 до 15 август во периодот од 23 до 3 часот наутро.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


