| четврток, 6 декември 2018 |

Како да преживеете во чевли со високи потпетици?

штикли

Движењето во чевли со високи потпетици не мора да биде болно, но треба да знаете да ги одберете вистинските и да се грижите за стапалата.

Едно истражување покажа дека жените почнуваат да ги болат нозете после само еден час, шест минути и 48 секунди носење чевли со високи потпетици. Кај поосетливите, болката доаѓа и порано, поточно после само десетина минути. Сепак, поголемиот број жени не сака да се одрече од високите потпетици, но постојат неколку трикови со помош на кои ќе одберете поудобни чевли.

1.Не купувајте чевли преку интернет

Нема што многу да се објаснува. На интернет не можете да ги испробате обувките, па нема шанси да знаете дали ќеви бидат удобни или не. Без проба, нема купување!

2.Потпетците да се на вистинско место

Има чевли со високи потпетици кои не се неудобни. Во што е нивната тајна? Во добро позиционираната потпетица. Таа мор да биде поставена веднаш под коската на петата. Ако не се наоѓа точно на тоа место, ќе имате болки во нозете.

3. Повеќе пари

Ако мислите дека ќе купите удобни и квалитетни чевли со високи потпетици за малку пари, се лажете. За квалитетни чевли, кои се најчесто и удобни, потребен е квалитетен материјал, а не евтина пластика и гума. Токму затоа и квалитетот чини, па бидете подготвени да дадете повеќе за да уживате.

штикли 2

4.Нега на стапалата

Ако сакате стапалата да ви останат здрави, тогаш грижете се за нив. Мачкајте ги со квалитетни креми за нозе, масирајте ги и одржувајте ја редовно хигиената. На тој начин полесно ќе излезете на крај со негативните последици што потпетиците ги оставаат врз нив.

5.Наместо топла купка- лед

Заборавете го брчкањето на нозете во топла купка по напорниот ден во чевли со високи потпетици. Болката ќе ја надминете само ако ги ставите нозете во ледено студена вода и оставите десетина минути. Така ќе го спречите и отекувањето на нозете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top