| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткаристика повторно во Бугарија

По успешниот настап во Софија, каде што приреди добра забава за публиката, Марко Маринковиќ – Слаткаристика повторно в0 Бугарија. Македонскиот рапер вечерва ќе настапи во летната дискотека „Баш бар градина“ во приморскиот туристички град Созопол.

Гости на концертот се Бобо и Џами од Бугарија, а Слаткаристика ќе настапи со диџеј Оки Доки и Аце НЛ.

На враќање од соседството, Слаткаристика ќе настапи во Берово, во клубот „Калипсо“, а потоа следуваат журките во „Амнезија“ во Тетово и „Аквапарк“ во Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top