Министерството за финансии денеска ја исплати пензијата за август. На сметките на 287.240 пензионери се префрлени 3 милијарди 579 милиони денари.
Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 12.466 денари.
Владата на Република Македонија продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите, на тој начин обезбедувајќи поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.