| четврток, 6 декември 2018 |

Либерија прогласи вонредна состојба поради смртоносната ебола

ebola2

Либерија прогласи вонредна состојба поради епидемијата на смртоносната ебола. Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Серлиф, ноќеска прогласи вонредна состојба во државата и предупреди дека се потребни вонредни мерки „заради самиот опстанок на државата“.

Либерискиот парламент денеска ќе ја ратификува одлуката, а истото ќе го направат и во Сиера Леоне каде што вонредната состојба е прогласена минатата недела.

Серлиф најави дека вонредната состојба ќе трае најмалку 90 денови.

– Размерите на епидемијата, заразноста и стапката на смртност од тој вирус надминуваат капацитети на која било владина агенција или министерство – изјави таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top