| четврток, 6 декември 2018 |

Марин Докузовски е нов тренер на КК Работнички

Селекторот на Македонската репрезентација која на ЕП 2011 во кошарка во Литванија го освои четвртото место е старо нов тренер на КК Работнички.

Марин Докузовски кој до неодамна работеше на Косово оваа недела ќе ја преземе тренерската позиција во нашиот најтрофеен кошаркарски клуб откако денеска паднал договор со раководството на клубот.

Докузовски работел во Македонија , Бугарија и Косово а во својата кариера во неколку наврати беше тренер на клубот од градскиот парк.

Тој ќе има тешка задача во првенството и во купот да дојде до трофеите откако приматот во македонската кошарка последниве години го презема најлутиот ривал МЗТ Скопје.

Се очекува во текот на утрешниот ден именувањето на Докузовски за прв стратег на КК Работнички да биде официјално соопштено од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top