Вежбите се одлични за поголемо уживање во сексот, да бидете подготвени за разни пози, но и за да го поправите расположението, затоа, почнете да вежбате уште денес.
Клекнувањата се одличен начин да ги стегнете мускулите на стомакот, задникот и на нозете, а уште поважно е тоа што крвта ќе ви проструи низ оние места што дополнително ќе ви го засилат либидото.
Јога-положбата, во која како бебе лежите на грбот и со рацете ги држите стапалата, е одлична за после сексот да ги избегнете болките во долниот дел на грбот. По осум часа сон, притисокот во овој дел од телото се зголемува, па затоа издвојте две до три минути наутро за да ја истегнете кичмата и мускулите на задната ложа.
Додека седите во канцелиарија, гледате серија или читате книга, пробајте наизменично да ги затегнувате и да ги опуштате мускулите од дното на карлицата.
Уште една положба коа може да придонесе за вашиот љубовен живот е – мост. Затоа секојдневно извлекувајте се во оваа положба, оставете во воздух неколку секунди, вратете се во првобитната положба, одморете се и повторете ја вежбата.
За одеднаш да ги зајакнете мускулите на рацете, абдоменот, задникот и колковите, кои се клучни кога од една поза прминувате во друга за време на односот, практикувајте издржување при што вашите лактови е потпрени на под, а со врвоите на прстите се кревате од подот. Мускулите ќе ви бидат затегнати веќе по неколку дена, секост многу подобар, а партнерот воодушевен. Вреди за се проба, нели?
Извор: novosti.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


