| четврток, 6 декември 2018 |

Аспиринот го намалува ризикот од рак

is_aspirin_safe_for_kids

Аспиринот значително ги намалува шансите за развој на рак на цревата, стомакот и на јајниците, наведуваат авторите на истражувањето во европскиот журнал „Анали на онкологијата“.

Тие утврдиле дека користење аспирин во период од 10 години може да го намали ризикот од појава на рак на црева за околу 35 отсто, а стапката на смртност за околу 40 отсто, пренесува АФП.

Стапката на рак на јајниците и на стомакот се намалува за околу 30 отсто, а смртноста од овие канцерогени заболувања се намалува за околу 35 до 50 отсто.

Луѓето треба дневно да користат аспирин од 75 до 100 милиграми во период од пет до 10 години и тоа на возраст меѓу 50 до 65 години. Истражувањето покажало дека користа од аспиринот е по првите пет години редовно конзумирање.

Долго време се сметало дека аспиринот е корисен во борба против кардиоваскуларните заболувања, а потоа следеа истражувања за неговото влијание на ракот.

Научниците соопштија дека ова истражување донесе први докази дека аспиринот може да биде заштитник од некои видови на рак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top