| четврток, 6 декември 2018 |

Порталот на Ацо Кабранов воодушевен од телoхранителот на Премиерот

Порталот финансиран од Сорос предводен од Ацо Кабранов еден од најголемите критичари на владините политики во свој текст со суперлативни за Дејан Митровски-Урко шефот на обезнедувањето на премиерот Никола Груевски.

Според непотпишаниот текст зад кој како уредник стои Кабранов Митровски е мускулест мачо тип кој бил вечна инспирација и идол на младите генерации билдери и сите тие сакаат да бидат Урко.

 

Кабранов или некој од неговите колеги е воодушевен од набилданото тело на Митровски кому според текстот добро му стоеле елегантни одела, ама и кежуал варијанти.

Кабранов дури му прави и маркетинг на Митровски затоа што преку Либертас го промовира фитнес центарот каде што вежбал Митровски и го споредува со Дејвид Бекам како Македонски мачо.

Невкусните пофалби на уредникот на Либертас Кабранов којшто во суперлативи зборува за телохранителот на премиерот одат дотаму што Митровски го претставува како главна инспирација на фоторепортерите кои што скаале да направат фото сесија со него но тој на прво место ги ставал работните обврски.

На крајот на текстот порталот на Кабранов или можеби тој лично препорачува фото галерија за плакнење очи со човекот кој според Либертас предизвикувал „кршење на вратови“ со својата појава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top