| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците и Албанците низ времето – Историски сојузници, денешни противници

Интервју со проф. д-р Катерина Тодороска, виш научен соработник во Институтот за национална историја, објавено во 15-от број на неделникот „Република“ (14 декември 2012)

Во ми­на­то­то и ма­ке­дон­ско­то и ал­бан­ско­то на­се­ле­ние би­ле под не­чи­ја власт, се­ко­гаш се спло­ту­ва­ле и за­ед­нич­ки се бо­ре­ле за ос­ло­бо­ду­ва­ње од „тре­ти­от“. Но, штом би­ла прог­ла­се­на не­за­вис­но­ста на ал­бан­ска­та др­жа­ва, ра­бо­ти­те поч­на­ле да се ме­ну­ва­ат.

Katerina-Todorovska-1

Проф. д-р Ка­те­ри­на То­до­ро­ска е виш на­у­чен со­ра­бот­ник во Ин­сти­ту­тот за на­ци­о­нал­на исто­ри­ја. Таа е единс­тве­на во од­де­лот за пре­род­бе­нич­ко­то и на­ци­о­нал­но-ос­ло­бо­ди­тел­но дви­же­ње во Ма­ке­до­ни­ја од 19 век до 1912 го­ди­на, чи­ја­што спе­ци­јал­ност се де­нес мош­не акту­ел­ни­те ма­ке­дон­ско–ал­бан­ски од­но­си. На оваа те­ма и до­кто­ри­ра­ла пред 12 го­ди­ни, кон­крет­но за ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски­те вр­ски од 1903 до 1913 го­ди­на. Со неа раз­го­ва­ра­ме за ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски­те од­но­си. Неј­зи­но­то истра­жу­ва­ње откри­ва при­ја­телс­тво и со­јуз­ниш­тво ме­ѓу два­та на­ро­да, што де­нес е не­за­мис­ли­во.

 

Про­фе­сор­ке, кој пер­и­од од исто­ри­ја­та, во­оп­што, мо­же­ме да го сме­та­ме за за­че­ток на ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски­те од­но­си, при­ја­тел­ски или не­при­ја­тел­ски?
Тодоровска: Имај­ќи го пред­вид фа­ктот де­ка во исто­ри­ја­та на Бал­ка­нот по­сто­ја­но го­во­ри­ме за ис­преп­ле­те­ност на на­се­ле­ние, на до­мо­род­но и на дој­ден­ци, јас ќе си доз­во­лам на­ши­ов раз­го­вор, а во­ед­но и од­го­вор на пра­ша­ње­то да го ло­ци­рам во вре­ме­то на Ге­ор­ги Ка­стри­от – Скен­дер­бег. Тој, ка­ко еден од нај­го­ле­ми­те бор­ци про­тив ис­ла­ми­за­ци­ја­та на бал­кан­ски­те на­ро­ди при нап­ли­вот на ос­ман­ли­и­те на Бал­ка­нот, це­ли 25 го­ди­ни ус­пе­вал да ра­ко­во­ди во­ста­нич­ки ак­ции, бун­то­ви во кои ре­чи­си не­ма­ло хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние што не учес­тву­ва­ло.

Пред по­ко­нрект­но да ги разг­ле­да­ме од­но­си­те ме­ѓу два­та на­ро­да, да­ли мо­же да де­те еден општ зак­лу­чок гле­дај­ќи ја исто­ри­ја­та – од што најм­но­гу за­ви­се­ло да­ли од­но­си­те се при­ја­тел­ски или не­при­ја­тел­ски?
ТодоровскаОд са­ми­те нас. Во ми­на­то­то и ма­ке­дон­ско­то и ал­бан­ско­то на­се­ле­ние би­ло под не­чи­ја власт, се­ко­гаш се спло­ту­ва­ло и за­ед­нич­ки се бо­ре­ло за ос­ло­бо­ду­ва­ње од „тре­ти­от“. Но, штом би­ла прог­ла­се­на не­за­вис­но­ста на ал­бан­ска­та др­жа­ва, и по­крај неј­зи­на­та еко­ном­ска и по­ли­тич­ка не­ста­бил­ност, уште долг пер­и­од по 1912 го­ди­на, од­но­сот поч­нал вид­но да се ме­ну­ва. Тоа што прет­ста­ву­ва­ло опас­ност по ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си, би­ло стран­ско­то „про­те­жи­ра­ње“ на ед­на­та стра­на. Вли­ја­ни­е­то има­ло и сво­ја це­на.

 

До плад­не Али­ја, поп­лад­не Или­ја

 

Кол­ку вој­ни во­де­ле Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те ед­ни про­тив дру­ги, а кол­ку за­ед­нич­ки (про­тив тре­та стра­на)?
ТодоровскаАко ги сме­та­ме Вто­ра­та свет­ска вој­на и конф­ли­ктот од 2001 го­ди­на, то­гаш има вкуп­но две ме­ѓу­себ­ни вој­ни. Мно­гу по­ве­ќе се тие про­тив тре­ти на­ро­ди. Се­пак, имај­ќи го пред­вид пе­тве­ков­ни­от пер­и­од на ос­ман­ли­ско вла­де­е­ње со ма­ке­дон­ски­те и со ал­бан­ски­те те­ри­то­рии, во овој пер­и­од ги бе­ле­жи­ме и нај­важ­ни­те за­ед­нич­ки ак­ции.

Ка­ков е ме­ѓу­себ­ни­от од­нос на Ма­ке­дон­ци­те и на Ал­бан­ци­те за вре­ме на Ос­ман­ли­ска­та Им­пе­ри­ја имај­ќи пред­вид де­ка по­ве­ќе­то Ал­бан­ци ја при­фа­ти­ле мус­ли­ман­ска­та ве­ра?
ТодоровскаЛич­но мис­лам де­ка за да се од­го­во­ри на ова пра­ша­ње тре­ба пр­во да го спо­ме­не­ме и на­чи­нот или, по­тре­ба­та од при­фа­ќа­ње­то на ис­ла­мот ка­ко ве­ро­ис­по­вед во за­ме­на за до­то­гаш­но­то хри­сти­јанс­тво т.е. пра­вос­ла­вие. Во пер­и­о­дот на нав­ле­гу­ва­ње на ос­ман­ли­ски­те си­ли на Бал­ка­нот, ед­на од нив­ни­те пр­вич­ни за­да­чи би­ло кон­вер­ти­ра­ње­то на вер­ни­ци­те во ис­лам би­деј­ќи ве­ра­та се по­и­сто­ве­ту­ва­ла со на­ци­о­нал­но­ста и со имот­но­ста. Се­кој што имал имот, бе­го­ви и дру­ги бо­га­ти фе­у­дал­ци, по­лес­но го при­фа­ќа­ле ис­ла­мот би­деј­ќи тоа би­ло ус­лов за за­др­жу­ва­ње на имо­тот, за пла­ќа­ње огра­ни­чен да­нок и за дру­ги при­ви­ле­гии. Кај на­се­ле­ни­е­то тој про­цес во по­че­то­кот одел по­те­шко, но, се­пак, се ос­тва­ру­вал со да­ва­ње при­ви­ле­гии, ка­ко за­шти­та од раз­бој­ниш­тва врз фа­ми­ли­ја­та. Но­ва­та ве­ра не­ре­тко ја при­фа­ќал са­мо еден од чле­но­ви­те во фа­ми­ли­ја­та, а дру­ги­те оста­ну­ва­ле да ја пра­кти­ку­ва­ат сво­ја­та пра­вос­лав­на ве­ра. За­тоа кај на­ро­дот че­сто се сре­ќа­ва­ла изре­ка­та „До плад­не Али­ја, поп­лад­не Или­ја“. Ка­ко и да е, факт е де­ка ал­бан­ско­то на­се­ле­ние ма­сов­но го при­фа­ти­ло ис­ла­мот, пр­венс­тве­но од еко­ном­ски при­чи­ни, по­тоа по­ра­ди фа­ктот што мус­ли­ма­ни­те не мо­ра­ле да одат во вој­ска да­ле­ку од сво­и­те до­мо­ви, по­тоа би­ле вра­бо­ту­ва­ни во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та и слич­но. Ме­ѓу­тоа, не би­ло за­бо­ра­ве­но прет­ход­но­то жи­ве­е­ње со со­се­ди­те, род­ни­ни­те (иа­ко во не­кои фа­ми­лии ед­ни би­ле мус­ли­ма­ни, дру­ги хри­сти­ја­ни). Ос­но­ва­та на не­при­ја­телс­тва­та ме­ѓу ма­ке­дон­ско­то и ал­бан­ско­то на­се­ле­ние, на вер­ска ос­но­ва, исп­ли­ва­ло на по­вр­ши­на со по­че­то­кот на раз­бој­ниш­тво­то, кое ка­ко про­фе­си­ја го пра­кти­ку­ва­ле одре­де­ни жи­те­ли, нај­че­сто на со­сед­ни се­ла со ма­ке­дон­ски­те. Но, за­тоа, пак, Ма­ке­дон­ци­те ба­ра­ле за­шти­та и им пла­ќа­ле на дру­ги ал­бан­ски гру­пи.

Katerina-Todorovska-9-albano-makedonia

(сликата горе) Илу­стра­ци­ја­та на пр­ва­та стра­ни­ца на вес­ни­кот го сим­бо­ли­зи­ра за­ед­ниш­тво­то на Ма­ке­до­ни­ја и на Ал­ба­ни­ја. Име­но, на сли­ка­та се по­ја­ву­ва­ат две де­вој­ки со расп­ле­те­ни дол­ги ко­си (кои асо­ци­ра­ат на Ал­ба­ни­ја и на Ма­ке­до­ни­ја), фа­те­ни за ра­це, кои им се око­ва­ни во син­џи­ри и приц­вр­сте­ни со тег (кој ја прет­ста­ву­ва ос­ман­ска­та власт). Две­те де­вој­ки сто­јат на за­ед­нич­ко коп­но, а зад нив се на­о­ѓа­ат мо­ри­ња. Над гла­ви­те на де­вој­ки­те, по­крај име­то на вес­ни­кот, ис­пи­ша­на е де­ви­за­та „брат­ство и сло­бо­да“ над ко­ја грее ѕвез­да­та на сло­бо­да­та. Во зад­ни­на­та се ис­цр­та­ни ан­ге­ли што им вди­шу­ва­ат жи­вот и си­ла, а шти­тот и пу­шка­та, во под­нож­је­то на сли­ка­та, ја по­ка­жу­ва­ат бор­бе­но­ста на Ал­ба­ни­ја и на Ма­ке­до­ни­ја.

Осум­на­е­сет со­ју­зи

Katerina-Todorovska-2Во ера­та на ра­ѓа­ње­то на пре­по­ро­дот во 19 век, да­ли и ко­га мо­же да се збо­ру­ва за за­ед­нич­ки идеи за бор­ба про­тив Ос­ман­ли­ска­та Им­пе­ри­ја за соз­да­ва­ње на­ци­о­нал­ни др­жа­ви Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја?
ТодоровскаКа­ко што ве­ќе спом­нав­ме, тоа е пер­и­о­дот ко­га ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски­те вр­ски ги до­жи­ву­ва­ат сво­и­те „свет­ли мо­мен­ти“. Ка­ко по­ка­за­тел за тоа ќе на­ве­дам не­кол­ку за­ед­нич­ки ак­ции, кои, за жал, по­ра­ди про­сто­рот, ќе би­дат огра­ни­че­ни и во актив­но­сти­те и во важ­но­ста.

1. Сто­јан Ве­зен­ков (1828-1897) бил еден од тие деј­ци, кој го вне­сол сво­јот мо­ра­лен, оп­штес­твен и емо­ти­вен за­лог во из­град­ба­та и зац­вр­сту­ва­ње­то на ал­бан­ско-ма­ке­дон­ско­то при­ја­телс­тво, во искре­но­то збли­жу­ва­ње, по­вр­зу­ва­ње и со­ра­бо­тка на два­та со­сед­ни на­ро­да, кој упо­тре­бу­вал и конс­пи­ра­тив­но ал­бан­ско име Зе­ка Би­сов.

2. Ма­ке­дон­ско-ал­бан­ско­то при­ја­телс­тво и вр­ски ги одр­жу­вал и Иса­и­ја Ра­дев Ма­жов­ски, кој до­бро го го­во­рел ал­бан­ски­от ја­зик и имал вос­по­ста­ве­но трај­ни при­ја­тел­ски кон­та­кти со ал­бан­ски па­три­о­ти. Тој е еден од нај­екс­по­ни­ра­ни­те деј­ци на Ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ли­га од 1887 го­ди­на, ко­ја из­да­ла и прог­лас на ал­бан­ски ја­зик за по­вик на со­ра­бо­тка со ал­бан­ско­то на­се­ле­ние во бор­ба­та за ос­ло­бо­ду­ва­ње од ос­ман­ли­ска­та власт.

3. Во 1888 го­ди­на бил соз­да­ден еден Ал­бан­ско-ма­ке­дон­ски од­бор, со цел за­ед­нич­ки да се бо­рат за ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те ос­ло­бо­ди­тел­ни стре­ме­жи.

4. На 25. 12. 1892 го­ди­на ( 6. 1. 1893 го­ди­на) во Бу­ку­решт (Ро­ма­ни­ја), ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска­та еми­гра­ци­ја го об­ја­ви­ла пр­ви­от број на вес­ни­кот „Ал­ба­но-Ма­ке­до­ни­ја“, кој е ка­ра­кте­ри­сти­чен по цр­те­жот на нас­лов­на­та стра­ни­ца.

5. Во Лон­дон во 1893/94 го­ди­на бил на­пра­вен обид за фор­ми­ра­ње за­ед­нич­ка ли­га, ко­ја прет­ста­ву­ва­ла нов мо­мент во раз­во­јот на ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски­те вр­ски. Оваа ли­га, за раз­ли­ка од прет­ход­на­та, се ви­ка­ла „На­ци­о­нал­но-цен­трал­на ал­бан­ско-ма­ке­дон­ска ли­га“.

6. Кон кра­јот на 1898 го­ди­на во Ати­на би­ло фор­ми­ра­но друш­тво­то „Ал­ба­но-Ма­ке­дон­ски си­ло­гос“.

7. Ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска­та со­ра­бо­тка во Со­фи­ја би­ла нај­ин­тен­зив­на, а од неа про­из­ле­гол и еден пред­лог-про­ект за авто­но­ми­ја на Ма­ке­до­ни­ја и на Ал­ба­ни­ја од 23 фе­вру­а­ри 1899 го­ди­на, со­ста­вен од 23 точ­ки.

8. Во 1902 го­ди­на „На­ци­о­нал­на­та ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска ли­га“ од Лон­дон ја зго­ле­му­ва сво­ја­та ра­бо­та, ко­га неј­зи­ни­от Из­вр­шен ко­ми­тет из­дал еден прог­лас или апел, кој од актив­но­сти­те на Ли­га­та – Сте­ван Дам­чев и Ја­шар-бег бил ди­стри­бу­и­ран во ме­ста на­се­ле­ни со Ал­бан­ци и со Ма­ке­дон­ци. Ли­га­та под­го­тви­ла про­ект за авто­но­ми­ја на Ма­ке­до­ни­ја, Ал­ба­ни­ја, Ста­ра Ср­би­ја и на Одрин, со­ста­вен од 12 чле­на.

9. На 10 мај 1902 го­ди­на из­ле­гол пр­ви­от број на ор­га­нот „Л’ Ау­то­но­мие“, од кој из­лег­ле пет бро­ја. Вес­ни­кот из­ле­гу­вал два­па­ти ме­сеч­но, со мо­то Ма­ке­до­ни­ја на Ма­ке­дон­ци­те, Ал­ба­ни­ја на Ал­бан­ци­те. Спо­ред про­гра­ма­та „На­ша­та цел, на­ши­те идеи се до­би­ва­ње авто­но­ми­ја на Ал­ба­ни­ја и на Ма­ке­до­ни­ја и фор­ми­ра­ње ца­рин­ска уни­ја на си­те со­сед­ни ма­ли зем­ји Цр­на Го­ра, Ср­би­ја, Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја. Си­те овие зем­ји има­ат по­тре­ба од нас и ние од нив. Таа ца­рин­ска уни­ја, ко­ја би мо­же­ла да се ви­ка Бал­кан­ска кон­фе­де­ра­ци­ја, ќе им да­де на Ср­би­ја и на Бу­га­ри­ја при­стап на мо­ре, на Гр­ци­ја бо­га­ти­те рам­ни­ни на Ма­ке­до­ни­ја. И ме­сто Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја да би­дат по­сто­ја­но жа­ри­ште на не­при­ја­телс­тва би мо­же­ле да ста­нат из­вор на бо­гат­ство, на бо­га­та еко­но­ми­ја на со­сед­ни­те зем­ји“.

Katerina-Todorovska-Shq-e-vertet

Една од првите карти на голема Албанија како што ја замислувале
Австро-Унгарија и Велика Британија

10. Имај­ќи ги пред­вид раз­ли­ки­те што по­сто­е­ле ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те, ка­ко на при­мер ре­ли­ги­оз­ни­те, Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја си по­ста­ви­ла за­да­ча, да дејс­тву­ва­ат сре­де ал­бан­ски­от на­род во пра­вец на не­го­во при­до­би­ва­ње за ос­ло­бо­ди­тел­но­то де­ло. При­тоа би­ле ко­ри­сте­ни ста­ри­те се­меј­ни при­ја­телс­тва ме­ѓу ма­ке­дон­ски и ал­бан­ски фа­ми­лии. Кон кра­јот на 19 век во Ма­ке­до­ни­ја со го­лем за­мав се соз­да­ва­ле ре­во­лу­ци­о­нер­ни ко­ми­те­ти. Овие ко­ми­те­ти, пре­ку нив­ни­те во­да­чи, ко­ми­ти­те – Пе­тре Ча­у­лев, Рин­ко Џам­ба­зов­ски, Ко­ста Ле­штар и дру­ги, одр­жу­ва­ле вр­ски со па­три­о­ти од ал­бан­ски­от на­род во По­гра­дец. Пре­ку овие кон­та­кти би­ле зац­вр­сту­ва­ни ста­ри­те се­меј­ни при­ја­телс­тва и се соз­да­ва­ле но­ви. При еден пре­стој во Ал­ба­ни­ја би­ле вос­по­ста­ве­ни вр­ски со ал­бан­ска­та че­та на ка­пе­та­нот Ка­јо Ба­би­е­на. Ма­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри има­ле свои ба­зи во до­мо­ви­те на Ал­бан­ци хри­сти­ја­ни и мус­ли­ма­ни, ка­ко Ко­ци Спи­ри, На­ки Ти­арс, Кол Та­ла, Ас­лан Ми­на­ро­ли, Ри­за Ми­на­ро­ли, Ко­су Ор­хан-бег и дру­ги.

11. Ше­фќет Аго­ли во 1901 го­ди­на за­пи­шал: „Во тоа вре­ме во прес­пан­ска­та зо­на не­ма­ше ал­бан­ски че­ти што во­ју­ваа за да го ур­нат ропс­тво­то, по­ра­ди тоа ба­рав да вле­зам во ма­ке­дон­ски­те че­ти. Во ова вре­ме Ма­ке­дон­ци­те беа ор­га­ни­зи­ра­ни до­бро и уба­во ѝ вр­шеа на тур­ска­та вла­да оп­шир­на и отво­ре­на вој­на… Ми­хо Ла­хо ме по­вр­за со ед­на ма­ке­дон­ска че­та ка­де што и тој са­ми­от бе­ше ко­ми­та. Во ма­ке­дон­ска­та че­та имав­ме це­лос­но брат­ство ко­ми­та со ко­ми­та, мно­гу се са­кав­ме. За­бе­ле­жу­вав де­ка Ма­ке­дон­ци­те мно­гу ја це­неа ма­шко­ста, ју­наш­тво­то и бе­са­та на Ал­бан­ци­те”.

12. По­крај при­ја­тел­ски, би­ле соз­да­ва­ни и вр­ски со бра­ко­ви. Та­ка, Ал­ба­не­цот Ко­ли То­ди, зет на ри­ба­рот Ко­ста Ка­нев­че, по­тоа Ко­ци Спи­ри, род­ни­на на учи­те­лот Ко­ста Ле­штар од По­гра­дец, То­ма­ќи, шу­ра на Мар­ко Том­че и дру­ги, вр­ше­ле раз­ни ус­лу­ги и на­ба­ву­ва­ле оруж­је за Ор­га­ни­за­ци­ја­та.

13. Ал­бан­ци­те, ка­ко до­ста­ву­ва­чи на оруж­је би­ле мно­гу до­вер­ли­ви и дос­лед­ни. Тие би­ле актив­ни во Го­сти­вар­ско, Те­тов­ско, Де­бар­ско, Охрид­ско, Стру­шко, Ко­стур­ско, Ле­рин­ско итн. Во ле­рин­ски­от крај ал­бан­ски­те хри­сти­јан­ски се­ла Не­го­ван, Бел­ка­мен, Еле­о­во, ка­ко и мусл­ман­ско­то ал­бан­ско се­ло Пе­ше­ви­ца, би­ле при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни кон ма­ке­дон­ски­те па­три­о­ти, ги при­фа­ќа­ле нив­ни­те че­ти и го по­ма­га­ле нив­но­то де­ло. Осо­бе­на вер­ност кон ма­ке­дон­ско­то ре­во­лу­ци­о­нер­но де­ло по­ка­жу­ва­ле се­ла­ни­те од мус­ли­ман­ско­то се­ло Пле­ше­ви­ца. Та­ка, Су­љо – Али-ага по­ра­ди сво­ја­та вер­ност кон Ор­га­ни­за­ци­ја­та бил по­ста­вен за шеф на раз­уз­на­вач­ка­та сек­ци­ја на те­ри­то­ри­ја­та на со­сед­ни­те се­ла. Су­љо – Али-ага, во со­ра­бо­тка со сво­јот род­ни­на Ос­ман, кој бил ка­пе­тан во ос­ман­ска­та вој­ска и од­го­во­рен за му­ни­ци­ја­та што до­а­ѓа­ла во Ле­рин, ја снаб­ду­ва­ле Ор­га­ни­за­ци­ја­та со оруж­је и со му­ни­ци­ја. При­тоа, за ед­на пу­шка со еден штик и две­сте па­тро­ни би­ле пла­ќа­ни три тур­ски ли­ри.

14. Ка­ко осо­бен акти­вист во ра­бо­та­та на Ор­га­ни­за­ци­ја­та во Охрид­ско се сме­та Бе­лул Ариф На­ѕак, кој за сво­ја­та ре­во­лу­ци­о­нер­на актив­ност од од­бо­рот за до­де­лу­ва­ње илин­ден­ски пен­зии при пре­зи­ди­у­мот на На­род­но­то со­бра­ние на НРМ до­бил илин­ден­ска пен­зи­ја. Спо­ред се­ќа­ва­ње­то на На­ѕак, пре­ди во­ста­ни­е­то, во во­ста­ни­е­то 1903 го­ди­на и след во­ста­ни­е­то, ка­то иле­га­лен бо­рец во че­та­та на Де­а­на, П. Ча­у­лев, Сте­фан Ала­ба­кот и Пе­тре Ле­сов.

15. Про­дол­жу­ва­ње на ма­ке­дон­ско-ал­бан­ска­та со­ра­бо­тка ме­ѓу еми­гран­ти­те бе­ле­жи­ме во 1904 го­ди­на, ко­га во Ви­е­на би­ло фор­ми­ра­но Ху­ма­ни­тар­но ал­бан­ско-ма­ке­дон­ско друш­тво. Ка­ко пот­пис­ни­ци на ос­но­вач­ки­от акт на ова друш­тво ги сре­ќа­ва­ме Цве­тко Х. Фор­ту­ниќ, Хил Мо­си и Пе­тер Ка­ран­фи­лов. Уште при ос­но­ва­ње­то би­ло об­јас­не­то „на­ше­то друш­тво ни­ту прет­ста­ву­ва не­ка­ква ав­стри­ска по­ли­ти­ка, ни­ту, пак, е не­кое по­ли­тич­ко де­ло, ту­ку е ед­но ху­ма­ни­тар­но друш­тво, кое со по­ли­ти­ка­та е по­вр­за­но са­мо тол­ку што е про­тив се­ка­ква по­ли­ти­ка“.

16. Во Ви­е­на, во ју­ни 1908 го­ди­на бил фор­ми­ран та­ка­на­ре­чен Ал­бан­ско-ма­ке­дон­ски ко­ми­тет. Ко­ми­те­тот бил ра­ко­во­ден од вли­ја­тел­ни лич­но­сти, ка­ко што бил гроф Але­ксан­дар Ико­но­мов и Ѓерѓ Пек­ме­зи.

17. Пред по­че­то­кот на Вто­ра­та бал­кан­ска вој­на, во ју­ли 1913 го­ди­на, Ја­не Сан­дан­ски, за­ед­но со Сто­ју Ха­џи­ев, за­ми­на­ле во ми­си­ја во Ал­ба­ни­ја, по на­лог на Фер­ди­нанд. Нив­на­та за­да­ча би­ла да пре­го­ва­ра­ат со ал­бан­ски­те ра­ко­во­ди­те­ли за за­ед­нич­ко дејс­тву­ва­ње на Бу­га­ри­ја и на Ал­ба­ни­ја во слу­чај на но­ва вој­на, овој пат, ме­ѓу со­јуз­ни­ци­те, по­точ­но про­тив Ср­би­ја. За таа цел, не би­ле обез­бе­де­ни до­вол­но средс­тва за тро­шо­ци, по­ра­ди што Ја­не бил при­ну­ден лич­но да се за­дол­жу­ва. Ја­не имал за­да­ча во Ал­ба­ни­ја да се срет­не со поз­на­ти­те ал­бан­ски во­да­чи Ба­јрам Цу­ри и Исо Бу­ле­ти­на…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top