Кој еднаш ќе изневери, ќе го направи тоа повторно.
1.Истрага
Една од најчестите грешки која ја прават жените, кога мажите изневеруваат, е да започнат со истражување на секоја ситница, која ќе ја видат или слушнат после тоа. Иако понекогаш е природно да бидете сомничави, постојат моменти во кои ќе донесете погрешен заклучок и ќе го обвинувате партнерот за нешто што не го направил. Ако сакате да го обвините морате да имате конкретни докази или факти за такво нешто.
2.Вина
Најлесно е да ја обвините другата жена, но сетете се дека за неверство се потребни двајца и тој можел да размисли пред да го направи тоа.
3.Да се промените себеси
Она што секако треба да го избегнувате, е да се промените себеси само за да го задржите. Ако сметаш дека си ти виновна за неговите постапки, размисли уште еднаш. Ако тој ве изневерил вас тоа не е одраз на вашата вредност, туку факт дека тој не е способен да одржи
здрав однос.
4. Да го промениш него
Факт со кој само се залажувате, ако тој самиот не сака да се промени, вие никако не можете да влијаете.
5.Исклучок
Кога се работи за неверство, некои жени имаат тенденција да му простат на партнерот, верувајќи дека тоа било само еднаш, поради одредени околности, и дека тоа нема да се повтори. Па, пред да се одлучиш да му простиш, остави простор да покаже колкуму е тешко
за тоа што го направил и колку те сака. Тогаш си спремна да донесеш одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.