Рускиот истражен комитет има докази дека против цивилите во југоисточна Украина биле употребени фосфорни бомби, изјави портпаролот на тој комитет Владимир Маркин.
– Главното истражно биро на Рускиот истражен комитет собра докази дека против цивилите во регионите на Доњецк и Луганск употребено е ова забрането оружје – изјави Маркин.
Тоа е откриено во текот на кривичната истрага за употреба на забранети средства и методи на војување, пренесува ИТАР-ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



