Комбито со македонски регистарски таблички било сопрено околу 12 часот на патниот правец граничен премин Ново Село -Струмица од мобилна екипа на цариската служба.
Во задниот дел на комбито имало 334 килограми домати, брокули, пиперки, краставици и модри патлиџани, за кои возачот изјавил дека ги набавил во Бугарија, но не поседувал никаква документација за платени царински давачки.
Од Царинската управа информираат дека стоката е одзедмена и во итна постапка ќе биде доделена на настраданите лица од неодманешните поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.