| четврток, 6 декември 2018 |

Грците се бунат за евровизиската песна на Есма и Влатко

Трн во око на Грците, инсертите со споменикот на Александар. Велат - овој пат сме провоцирале на најсмешен начин

getImageThumbnail.axd
Империјата на Есма и Влатко Лозаноски не помина незабележана во Грција, а трн во око на Грците се инсертите со споменикот на Александар, јавува дописникот на „Канал 5“ од Атина.

„Евровизија 2013“ – повторно провоцираат скопјаните, скопјаните со Александар на Евровизија, ова се само дел од насловите на грчките интернет-страници што се занимаваат со шоу-бизнис, но веста се најде и на информативните портали, па дури и во вестите на една грчка телевизија. Велат дека овој пат сме провоцирале на најсмешен начин.

„Само од насловот може да се сфати дека скопјаните ги користат сите можности за да ја продолжат нивната пропаганда за Македонија“ – коментира телевизијата „Стар“, која во централното издание на вестите, освен за политичките ги информира Грците и за последните случувања во шоу-бизнисот, а меѓу нив – и нашата евровизиска песна.

Видеото почнува со инсерти од споменикот на Александар Велики на плоштадот во Скопје. Насловот на песната „Империја“ говори за загубена империја што некогаш ќе си ги добие своите територии. Прашањето е дали „Евровизија“ ќе ја прифати оваа песна, која ја фалсификува историјата и ја навредува Грција – се вели во прилогот на ТВ „Стар“.

„За жал, скопјаните со помош на Евровизија се обидуваат да си ја засилат нивната националистичка пропаганда, на сметка на националното чувство на Грците“.

„Преку Евровизија овој пат избраа да ги испратат нивните пораки за историјата, како што тие ја замислуваат “. коментираат Грците, а споменуваат и дека видеото од непознати причини вчера го снема од „Јутјуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top