| четврток, 6 декември 2018 |

Мерцедес нема да го раскине договорот со Михаел Шумахер

Автомобилската компанија Мерцедес ќе остане покрај поранешниот формула 1 шампион Михаел Шумахер кој закрепнува од повредата здобиена при скијање минатиот декември.
Во јуни компанијата Росбахер која продава пакувана вода и која е една од најголемите лични спонзори на Шумахер соопшти дека ќе го раскине договорот со поранешниот возач на Ферари и Мерцедес.
Сепак шефот на Дајмлер Дитер Зече изјави дека Мерцедес-Бенц нема да го раскине договорот со својот амбасадор на брендот и покрај тоа што седукратниот формула 1 пилот се наоѓа на рехабилитација во болница во Швајцарија.

– Задоволни сме од развојот на настаните во здравјето на Шумахер. Се надеваме дека вака и ќе продолжи. Шумахер е во се подобра позиција – изјави Зече за германскиот весник Билд ам Зонтаг во врска со здравјето на Шумахер.

– Воопшто не размислувавме во измена на неговиот договор – додаде Зече.

Тој продолжи дека никогаш го нема посетено Шумахер откако ја доживеа несреќата, но ја почитува одлуката на семејството на Шумахер за приватност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top