| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоубил газда на познат ресторан

Вчера околу 17 часот зад ресторанот „Имес“ во скопски Карпош се самоубил газда на познат ресторан во трговскиот центар „Лептокарија“, јави „Либертас“.

policiska-lenta

Извори на порталот тврдат дека газдата Мио си пукал со пушка карабина во која имало само еден куршум и го истрелал директно во своето срце. Овој 45-годишен угостител, наводно, немал долгови и непријатели и, најверојатно, одлуката да се убие ја донел поради семејни недоразбирања со сопругата.

– Пред да отиде кај „Имес“ тој и женаму се караа во неговиот ресторан. Човекот беше супер, имаат едно дете, се познававме и шокиран сум од тоа што го слушнав и видов – вели еден очевидец за „Либертас“.

Полицијата и истражен судија биле викнати на местото каде што се самоубил. Засега нема официјална потврда од МВР за ова самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top