| четврток, 6 декември 2018 |

Колку идентитети имал албанскиот Пинк Пантер?

Според неофицијалните информации, се работи за 35-годишен албански државјанин кој бил добро познат не само на албанската полиција, туку по него трагале органите на прогонот во неколку балкански земји. Наводно, неговиот вистински идентитет е Миљан Елези викан Менди од Елбасан, кој често се претставувал како друго лице со сосема нов идентитет, пишува Вечер.

elezi

Колку идентитети се кријат зад мртвиот маж пронајден во џипот во близина на границата кај Дебар? Според неофицијалните информации, се работи за 35-годишен албански државјанин кој бил добро познат не само на албанската полиција, туку по него трагале органите на прогонот во неколку балкански земји. Наводно, неговиот вистински идентитет е Миљан Елези викан Менди од Елбасан, кој често се претставувал како друго лице со сосема нов идентитет и на тој начин успевал да влезе во земјите каде ограбувал богат плен.

miljan elezi

Овој идентитет на Менди го откриваат повеќе портали на албански јазик, заедно со фотографии од безживотното тело во џипот. На фотографиите се гледаат и гумени ракавици што отвора сомнеж , дали тој учествувал во разбојништвото во двете дебарски златарници и со нив сакал да ги прикрие сите траги од отпечатоци?

МВР се уште чека потврда од албанската полиција за идентитетот на пронајденото тело. Во соработка со колегите од Албанија трагаат и по останатите разбојници кои го извршија грабежот во продавниците за злато во Дебар, среде бел ден, на најфреквентната улица.

Граѓаните се сомневаат дека станува збор за банда албански државјани чија цел се златарници од каде може да изнесат милиони. Очевидци и по грабежот за Вечер раскажуваа, како неколку лица со фантомки и автоматски пушки пукале и влегле во продавниците, а од таму излегле со две црни торби во кои се претпоставува дека имало повеќе од десет килограми злато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top