| четврток, 6 декември 2018 |

Место на плажа, македонски туристи завршија на улица во Кушадаси (ФОТО)

Македонски туристи место на плажа, останаа на улица во Кушадаси. Преку туристичка агенција од Скопје требало да бидат сместени во хотел, но кога пристигнале по 15 часа пат, им рекле дека нема соби. Од агенцијата велат дека туристите се веќе сместени, наспроти тврдењата на туристите дека не смеат да престојуваат ниту во холот на хотелот, пренесува „Канал5“.

Mесто песок, море, коктели, 8 клиенти на туристичката агенција „Виор 2“ останаа без хотелска соба за која си ги дале парите. Контактирале со „Виор 2“, а од таму испратиле свој претставник, но неговата понуда, како што вели измамениот Александар за „Канал 5“, била несоодветна на договорот за купениот аранжман.

Иако имаме потпишано договор кога стигнавме во хотелот , не ни ги дадоа хотелските соби. Прво ги баравме во агенцијата, но не се јавуваа, ги добивме подоцна , од таму ни рекоа дека ќе ни испратат свој претставник, но досега никој не дојде. Од хотелот ни рекоа дека не може да нè сместат бидејќи немаме уплатено аранжман – изјави Александар, измамен турист.

Од „Канал 5“ контактирале и со „Виор 2“. Од таму изјавиле дека сопственикот е на пат, но во неколку наврати убедуваа дека нивните клиенти се веќе сместени. Немало проблем, тие само биле нестрпливи да влезат во хотелските соби.

Целото видео погледнете го на „Канал 5“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top